Microsoft® Office Language Accessory Pack – македонски
Microsoft Office Language Accessory Pack - македонски додава дополнителни алатки за приказ, помош или јазична проверка во зависност од јазикот што го инсталирате.
Важно! Избирањето јазик подолу динамички ќе ја смени целата содржина на страницата на тој јазик.
Верзија:
2016/2019
Датум на објавување:
14.3.2016
Име на датотеката:
Office2016_LAP_Readme_mk-mk.docx
Големина на датотеката:
22.1 KB
Microsoft Office Language Accessory Pack - македонски додава дополнителни алатки за приказ, помош или јазична проверка во зависност од јазикот што го инсталирате.
Откако ќе го инсталирате, способностите и соодветните опции на Microsoft Office Language Accessory Pack - македонски ви се достапни од апликациите на Office и од апликацијата Претпочитани вредности за јазикот на Microsoft Office.Поддржани оперативни системи
Windows 10, Windows 7, Windows 8
- За најновите податоци во врска со условите на системот, видете ја врскатаУслови на системот за Office
Microsoft Windows 8 - 32 или 64-битен оперативен систем
Microsoft Windows 10 - 32 или 64-битен оперативен систем. (За корисниците со еднократна набавка на Office 2019, Windows 10 е единствениот поддржан оперативен систем)
Белешка: Инсталирајте ги најновите сервисни пакети за вашиот оперативен систем за да овозможите оптимална поддршка за вашиот јазик.
СофтверКоја било самостојна или групна верзија на Office 2016 (или понова) што содржи Microsoft Excel, Microsoft Lync, Microsoft OneNote, Microsoft Outlook, Microsoft PowerPoint или Microsoft Word ќе го поддржува Microsoft Office Language Accessory Pack 2016 (или понов) - македонски.
Компјутер и процесорПроцесор од 1,6 GHz со поддршка за SSE2 или повисока верзија; 4 ГБ РАМ; 2 ГБ РАМ (32-бита) или повеќе
Простор на дискотПокрај просторот на тврдиот диск што го користат инсталираните апликации на Office,- има слободен простор од 4 ГБ.
- Сите други услови на системот се исти со тие на апликациите на Office што ги користите со Microsoft Office Language Accessory Pack - македонски.
Пакет со јазична меѓуврска за WindowsСе препорачува да ги инсталирате најновите пакети со јазична меѓуврска за Windows за да имате оптимална јазична поддршка за оперативниот систем и софтверските апликации.
Резолуција на мониторот и параметри на ДПИМногу фонтови се создадени за оптимално читање при резолуција од 1366 x 768. Ако имате потешкотија со читање на фонтот на јазикот, ажурирајте ги параметрите за приказот со оваа резолуција или повисока ако е потребно. Имајте предвид дека наша препорака е да ги користите апликациите на Office со стандардните параметри за ДПИ на Windows - 96 ДПИ. Ако ги користите параметрите од 120 ДПИ, може да добиете слабо корисничко искуство со Office кај некои апликации на Office со зголемување на големината на дијалозите на Office.
Регионални и јазични опцииПокрај тоа, се препорачува ситерегионални и јазични опциивоконтролната таблада бидат поставени на јазикот од Microsoft Office Language Accessory Pack – македонски.- За да го инсталирате овој Language Accessory Pack:
- Преземете ја програмата за инсталирањеLanguage Accessory Packтака што ќе кликнете на врскатаПреземете ја програмата за инсталирање Language Accessory Pack
- Кога ќе завршите со преземање, изберете Изврши.
- Следете ги инструкциите на екранот за да ја завршите инсталацијата.
Променете го јазикот на корисничкиот интерфејс на јазикот на Language Accessory Pack
Откако ќе го инсталирате Language Accessory Pack, може да го промените јазикот на корисничкиот интерфејс на (македонски) од апликациите на Office или од апликацијата Претпочитани вредности за јазикот на Microsoft Office.
За да го промените јазикот на корисничкиот интерфејс од Претпочитани вредности за јазикот:- Активирајте гипретпочитаните вредности за јазикот на Office.
- Одсписокот Избери јазици за уредување, изберете го јазикот за уредување и кликнете на копчетоПостави како стандардно.
- Одсписоците Избери јазици за приказ и помош,изберете гојазикот за прикази кликнете на копчето Постави како стандардно.
- Кликнете на копчето OK.
- Појдете воДатотека, Опциии потоа изберетеЈазик.
- Одсписокот Избери јазици за уредување, изберете го јазикот за уредување и кликнете на копчетоПостави како стандардно.
- Одсписоците Избери јазици за приказ и помош,изберете гојазикот за прикази кликнете на копчето Постави како стандардно.
- Кликнете на копчето OK.
Изменете го јазикот за правопис
Microsoft Office Language Accessory Pack - (македонски) може да содржи алатки за јазична проверка на вашиот јазик. Еве како да го измените јазикот за правопис за избран текст:
Excel: Excel ги користи параметрите за примарниот јазик за уредување на Microsoft Office за да го одреди стандардниот јазик за правопис. За да го измените, кликнете наДатотека и потоа кликнете наОпции. Кликнете на опцијата Јазична проверкаи изберете еден од достапните јазици од списокотЈазик на речникот.
Outlook, PowerPoint, Word и OneNote:изберете го текстот којшто сакате да го проверите за правопис, кликнете наПреглед, кликнете на копчето Јазики потоа кликнете на опцијатаПостави јазик за јазична проверка.Изберете го посакуваниот јазик од рамката за избирање и кликнете наOK.